Промени тема
Контакт

Стојаноска бара оставка од Адеми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dafina28062022.jpg

Дафина Стојаноска, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободен печат, по вчерашните случувања во македонското собрание каде пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми вербално и физички ги нападна пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и нејзе вели дека Адеми под итно треба да си поднесе оставка од пратеничката функција.

— реклама —

Арбер Адеми под итно според мене денеска треба да си поднесе оставка. Тој ништо добро не прави за пратеничката група на ДУИ, а е координатор, изјави Стојаноска.

— реклама —
— реклама —

Во однос на францускиот предлог, Стојаноска вели дека опозицијата не е вклучена во надворешните прашања, прашувајќи кој е Димитар Ковачевски и Бујар Османи да преговараат во име на граѓаните, кога пред една година во Собранието донеле Резолуција во македонското собрание со консензус каде што јасни ги исцртале македонските црвени линии.

— реклама —

Ќе измине една година откако Резолуцијата ја усвоивме со консензус, и зошто после тоа преговараат. Зошто да преговараме? Дали бугарскиот парламент после нивната декларација се повлече од нивната црвена линија. Или ние ќе кажеме не овој предлог не во ваква форма. Но, дајте ни да го видиме и тој предлог. Кој е Ковачевски и Османи тие да преговараат во наше име, праша Стојаноска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања