Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, со остри обвинувања реагираше на повиците од СДСМ за обезбедување средства за зголемување на минималната плата, наведувајќи дека парите треба да се обезбедат преку враќање на, како што рече, „испокраденото“ во периодот на нивното седумгодишно владеење.
Според Стојаноска, доколку СДСМ самите не ги вратат средствата, тоа ќе се случи преку судски процеси, заедно со, како што посочи, казни затвор. Таа додаде дека, доколку во Буџетот се пронајдат средства за кои опозицијата зборува, тие веднаш би биле пренаменети за хуманитарни цели.
Во својата изјава, Стојаноска алудираше дека средствата за минималната плата „може веднаш да се најдат“, наведувајќи локации како делови на Водно, Дубаи и Струмица, со што упати политички обвинувања кон поединци од редовите на СДСМ.
Изјавата доаѓа во контекст на засилената политичка дебата околу минималната плата и буџетските приоритети. ССМ бара минималната плата да биде 600 евра.