Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Стојаноска: Владата неподготвена за корона, ниту реагира на високата цена на маските, ниту има капацитет за карантин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
dafina

Корона вирусот стигна и во Македонија, а министерот за здравство Венко Филипче и владата на СДСМ покажаа неорганизираност и хаос.  Изразуваме огромна загриженост поради слабиот капацитет за организација на Владата и сите надлежни да се одговори на вака сериозна ситуација во која е загрозено здравјето на граѓаните, истакна Дафина Стојаноска од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Во Македонија се детектираше првиот заразен со корона вирус, но, Филипче не знае да ја информира јавноста како жената стигнала до Клиниката за инфективни болести. Сегмент што е многу важен за превенција од корона, и кој говори дали има контрола на граничните премини или не.

Филипче и надлежните кажаа различни работи. Прво, кажаа „сама заминала на Клиниката“, потоа  кажаа „беше спроведена до Клиниката“, за да на последниот прес синоќа Филипче каже сосема спротивна и најнова верзија или дека „не кажала на граница дека е болна“?!

— реклама —

Загрижува и фактот што Владата повикува на користење средства за заштита меѓу кои и маски. Но, наместо да овозможи достапност на маските, цените се енормно покачени, а од Владата нема никаква реакција. Зарем и во ваква ситуација профитерството е приоритет?!

Во целата ситуација, Владата покажува слабост и во делот на карантините. Едноставно нема соодветни капацитети за спроведување карантин за да се одговори на ситуацијата!

Подготвени сме да им помогнеме, им стоиме на располагање за помош.

Во оваа неорганизираност едно е јасно, од 12 април граѓаните ќе видат што е навремена и соодветна здравствена услуга, истакна Дафина Стојаноска од ВМРО ДПМНЕ.

фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања