Промени тема
Контакт

Стојаноска: Власта вели дека од ЕУ кажуваат дека предлогот е добар, но не слуша што вели македонскиот народ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Dafina-Stojanoska-29.05.2022

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, во своето гостување во емисијата „Само вистина“ која се емитува на Канал 5 рече дека ова што сега ни се случува не е само од сега туку дека Гордиевиот јазол со краватата го одврза Зоран Заев во 2018 со Договорот од Преспа и рече дека ние сега сме пред одврзан Гордиев јазол, односно владејачкото мнозинство кое вели дека од ЕУ кажуваат дека предлогот е добар, но не слушаат што велат македонските граѓани и затоа македонскиот народ излегол на масовни протести.

— реклама —

Не само опозициските партии, туку и граѓански организации и голем број на видни општествени личности побараа да не се држи протоколот во тајност, туку конечно да го видиме францускиот предлог. Не можеме повторно да бидеме ставани пред свршен чин, да ни се дава во пет до дванаесет и да кажеме дека доколку ова не го прифатиме, понатаму нема да добиеме ништо подобро. Комплет ништо не е покажано, а секој ден ако гледаме ги гледаме изјавите на Бујар Османи се дека ќе го објави, не е довршен, па еден дел има кога вели дека е комплетиран во МНР за да наредниот ден да вели дека ЌЕ го докомплетира, а утрово да каже дека со Генчовска повторно треба да бидат на линија за да ги средат работите. Денес и дипломатскиот синдикат излезе со барање за оставка на министерот Бујар Османи токму заради ова држење во тајност.

— реклама —
— реклама —

Јас многу се сомневам во овој процес, не знам каква намера имаат да го изведат, слушаме дека можеби ќе дојде во Собрание, можеби нема да дојде но сепак сметам дека е срамно што сето она што во овие денови се изведува од страна на власта и токму затоа не само ВМРО-ДПМНЕ, туку голем број македонски граѓани протестираат пред Владата на Република Македонија и затоа не можам да се согласам со денешната изјава на Маричиќ кој што вели дека е во секојдневна комуникација со бугарската страна, туку тој треба да биде во комуникација со македонската – додаде Стојаноска.

— реклама —

Со почит,

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања