„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Стојаноска: Заев се колнеше во децата дека нема да го промени Уставот - па го промени, но пречки за избори на 12-ти април нема

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Dafina-PRESS-0111-2

Дали Заев најавува промена на датумот за предвремените парламентарни избори?

— реклама —

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вели:

 - Да, туку што пристигна оваа вест дека Заев дал ваква изјава што на очиглед на јавноста не е прв пат. Се сеќавате на изјавите кога се колнеше во жицата и децата дека нема да го промени Уставот, па го промени, па на оние прослави за добивање на датум за почеток на преговори,  за сега пред неколку денови да се соочиме со тоа дека датум немаме. Ова не му е прв пат, но пречки за избори на 12-ти април нема, тоа го кажа и претседателот на лидерската средба на којашто сите учесници на таа средба, партии консензуално се договорија да има избори. Ова едноставно е само обид на Заев и алиби да и избега на правдата, таа е онаа правда заради која што ги урнисаа сите државни институции во државата. Но, токму таа правда нив ќе ги стигне кога тогаш. Колку повеќе одолговлекуваат толку посилен пораз ќе доживеат, истакна Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања