Стојаноски алармира: Предложениот буџет ќе ја доведе државата пред банкрот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Stojanoski-19.07

ВМРО-ДПМНЕ и другите политички партии имаат над 220 амандмани со забелешки околу новиот предлог-буџет за 2022 година.

— реклама —

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека вака скроениот буџет ќе донесе задолжување кое ќе ја доведе Македонија пред банкрот. Според него, најголем дел од амандманите се суштински.

— реклама —

„Во Собранието почнува дебатата за предлог буџетот за 2022 година. Ова е предлог буџет, историски највисок, со многу непродуктивни трошоци. Тој тежи 4,4 милијарди евра. Овој буџет требаше да понуди излез од кризата во која се наоѓа Македонија. 2021 година завршува, но тоа не значи дека проблемите ќе завршат со неа. Овој буџет ќе донесе поголеми проблеми и предизвици бидејќи оваа Влада нема никаква идеја. Владата има нереални проекции. Владата за 2022 година предвидува капитални инвестиции од 37 милијарди денари, иако никогаш до сега нема надминато повеќе од 19 милијарди денари. Ова е буџет со буџетски дефицит. Со овој предлог, долгот ќе порасне за 800 милиони евра. Ова е податок дека државата е пред банкрот“, кажа Стојаноски.

— реклама —

Тој смета дека буџетот кој е предлог од Владата на СДСМ не носи решенија за проблемите на граѓани, ниту, пак, пари за нив.

Еден од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе пари за стопанските субјекти, особено оние погодени од ковид-кризата.

„Како и претходните години, со претходните буџети и ребаланси, така и сега како пратеничка група поднесовме околу 220 амандмани за да поправиме нешто што може да се поправи. Имаме голем дел суштински амандмани за енергетиката, образованието, здравството. Како пратеници се надеваме дека власта ќе се охрабри и отворено ќе дискутира. Доколку не го сторат тоа, најцрното сценарио за Македонија е на повидок“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања