Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Стојаноски до власта: Буџетот за 2021 година е неодржлив, да се прифатат амандманите на ВМРО-ДПМНЕ кои значат стимулирање на економијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Bojan_Stojanoski_30.10.2020

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во денешната дискусија на комисијата за финансирање и буџет посочи дека планираниот Буџет за 2021 година само дополнително ќе ја зголеми сиромаштијата во државата, бидејќи како што рече истиот е неодржлив и креиран без концепт.

Ова не е Буџет што ќе ги исполни овие цели, туку напротив ова е Буџет што дополнително ќе ја зголеми сиромаштијата и ќе ја втурне државата во уште поголема сиромаштија и безперспективност. Не развоен и креиран без концепт, нема јасна визија и е поставен на постулати кои се неодржливи. Креиран е стихијно, без одржлива стратегија која е насочена кон реален развој на економијата. За жал и пред да започне годината морам да констатирам дека вака структуираниот Буџет е првата лага за 2021 година, му порача Стојаноски на министерот за финансии Фатмир Бесими.

— реклама —

Стојаноски смета дека во новиот буџет за 2021 година се намалени средствата од износ од 93 милиони денар или дури 9.5 проценти помалку од минатата година.

— реклама —

За животната средина намалени се средства од износ од 93 милиони денари помалку односно 9,5% од првично планираниот буџет за 2020 година. Во програмата С за унапредување на животната средина намалени се 6,7% или 21 милион помалку, а во категоријата за аерозагадување има 20 милиони денари помалку. Земјоделците ќе се соочат со една од потешките години досега, намалени се доста средства од програмите на Министерстовто за земјоделие и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, вели тој.

— реклама —

Во однос на новите вработувања, Стојаноски истакна дека парите на граѓаните се трошат недомаќински и за вдомување на партиски активисти

Парите се трошат недомаќински за вдомување на партиски војници, за заситување на бизнис интереси,за купување гласови и за лично богатење. Тоа што недомаќински се трошат парите и што се стеснува фискалниот простор ни го намалува маневарот за здраствени мерки кои можат да спасат животи. На Македонија и е повеќе од потребен полициски час. Не е логично на 20 заболени дневно да имаме полициски час, а на илјадници не. Согласно експертите таквото делумно затворање би ја чинело Република Македонија 11 милиони евра месечно, рече тој и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во расправата и ќе поднесе 390 амандмани поделени во три групи.

ВМРО – ДПМНЕ како во ребалансот така и сега ќе учествува во оваа расправа за буџетот со цел и желба да помогне. Поднесовме 390 амандмани, а заедно со другите опозициони парламентарни партии имаме над 450. Во тие амандмани се водевме по три приоритети: заштита на здравјето на граѓаните, вистинско стиумулирање на економијата преку капитални инвестиции и заштита на населението преку спречување на аерозагадувањето и загадувањето на животната средина.

Секој од овие амандмани произлегува од комуникација со граѓаните и со стручната јавност и секој од овие амандмани преставува излез од здравствено – економската криза во која е западната Република Македонија.

Сметам дека е поприоритетно да набавиме 50 амбулантни возила за потребите на медицинскиот персонал, од тоа да потрошиме 1.000.000 денари за набавка на возила за Стево Пендаровски. Многу е поважно да ги направиме ПЦР тестовите бесплатни од колку да се вработат партиски војници во Министерството за надворешни работи или во министерството за транспорт и врски. Ајде охрабрете се и соберете сили за да обезбедиме средства низ амандмантската расправа за сите невработени медицински лица и тие веднаш да почнат со борбата со вирусот, порача Стојаноски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања