Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Стојаноски: Договорот со САД ќе ги зајакне нашите трговски односи, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси,

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryuiij50h3r0dn6t0UYCT

Трудот, напорната работа и чесниот пристап вродуваат со плод. Македонија на чекор до потпишување историски трговски договор со стратешкиот партнер и најмоќната економија во Светот, Соединетите Американски Држави, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

„По затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава помеѓу САД и Македонија за реципрочна трговија.

— реклама —

Оваа изјава претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД и со ова се прави значаен исчекор во економската соработка но и го трасира патот за сеопфатен договор за тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и 0%.

Суштината на овој дипломатски успех на македонската Влада е што, ќе се идентификуваат производи коишто ќе добијат до 0% реципрочна тарифа, што значи за дел од клучните индустрии и производи, цариснките тарифи ќе се намалат до нула.

— реклама —

Оваа Заедничка изјава на македонските компании им обезбедува конкурентска предност, јасна регулаторна рамка, поголема предвидливост и посилна позиција на еден од најголемите пазари на светот.

Втората клучната придобивка е што со овој поволен економски договор во овие непредвидливи глобални времиња, се зачувани илјадници работни места, а истовремено се праќа регионален и меѓународен сигнал за политичката и економската стабилност на нашите односи со официјален Вашингтон.

— реклама —

Договорот ќе ги зајакне нашите трговски односи, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе го промовира економскиот раст и ќе го продлабочи нашето трансатлантско партнерство.

Ваквата билатерална соработка со најсилната светска економија, е многу вредна препорака за привлекување на нови инвестиции во Македонија.

— реклама —

Со овој документ, неоснованите тези и критики на СДС, дека македонската Влада е изолирана, дека нема никаков план, проценка, насока, паѓаат во вода.

Целта на Владата е јасна, повеќе извоз, повеќе инвестиции и повеќе добро платени работни места дома“, вели тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqj52gku6lvqn9JkiYrZ

Стојаноски: Со ребалансот на Буџетот се издвојуваат дополнителни средства за реализација на капитални проекти кои ќе генерираат дополнителен раст во економијата

Македонија | пред 6 дена

media-librarydb198upkc5hl2Ch8Lv0

Стојаноски: Секој денар мора навремено да се претвори во конкретен проект, објект или услуга за граѓаните, а токму тоа се прави со овој ребаланс

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryl0odsmjfk8l3b50Pzq8

„Ребалансот за 2026 е доказ за стабилен и растечки Буџет, со овој ребаланс се засилува развојната насока на државата“, вели Стојаноски

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhjcrebn1mlh90MCZOGt

(Видео) Стојаноски: Бројките потврдуваат дека Македонија се движи во правилна насока, 7 квартали по ред бележиме раст од 3%

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања