Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Стојаноски: Обвинителите треба да постапат веднаш по аферата поврзана со надзор на изградбата на Коридорот 8 и 10Д - во спротивно ќе треба да објаснат зошто молчеле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во гостување на емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа, посочи дека со вицепремиерот Артан Груби се поврзани неколку скандали објавени во јавноста.

„Со Груби е поврзано купување на дуќан во центарот на Скопје за многу пониска цена од пазарната, потоа отуѓување на хотел на Попова Шапка и доаѓаме до третиот скандал поврзан со фирмата, луѓето кои треба да прават надзор на фирмата која ќе ги изведува Коридорот 8 и Коридорот 10Д“, рече Стојаноски укажувајќи дека и во наредниот период ќе следат скандали поврзани со вицепремиерот.

— реклама —

„А, токму тој е човекот кој ја води Владата, а другите се неми послушници“, дополни Стојаноски кој рече дека не може да се очекува ништо од премиер „кој што и да направи Груби потврдува“.

Според Стојаноски крајно време е надлежните институции да реагираат за сите афери. Но, вели тој, како да се очекува Ислам Абази кој е обвинител за гонење на организиран криминал да почне постапки, а е близок со врвот на ДУИ.

— реклама —

Осврнувајќи се на последниот скандал со надзорот на изградбата на Коридор 8 и Коридор 10Д, Стојаноски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ сака сите документи да ги приложи на јавноста. Исто така рече тој, јавното обвинителство го повикавме да реагира и да отвори истрага за конзорциумот ИРД – Ептиса - Електра Солушн - Евро Консталтинг.

— реклама —

„Еден ден обвинителите ќе треба да одговорат зошто не постапувале по одредени предмети и ќе треба да објаснат зошто молчеле“, рече Стојаноски.

Стојаноски истакна дека последниот скандал е школски пример како се мести тендер.

— реклама —

„Најголемиот дел од парите одат кај Електра Солушн која вади лиценца во сред јавен повик. Електра Солушн која поднесува барање за издавање на лиценца за надзор по отворање на повикот за прибирање на понуди и добива лиценца во тек на јавниот повик. Оваа фирма Електра Солушн ќе земе 8.2 милиони евра од тендерот од 22 милиони евра“, рече Стојаноски.

Стојаноски објасни дека во целата постапка надзорот е најважен, бидејќи на основа на надзорот се ефектуираат фактурите, колку треба да се плати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања