Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Стојаноски: Работниците не добија ветувања, добија повисоки плати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarylbpbmlrr5ekacGZX94p

Денес сме должни да ја поставиме целосната слика, а не само дел од неа. И затоа изминатите денови директно, со докази, покажавме што е разликата помеѓу нас и останатите, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

 „Кога бевме опозиција, застанавме со работниците затоа што имаше реален проблем – платите доцнеа, колективните договори не се почитуваа и се подготвуваа законски измени со кои минималната плата требаше да се исфрли од формулата за пресметка.

 Тоа ќе значеше прекин на линеарниот раст и слабеење на заштитниот механизам за илјадници вработени.

 Тогаш, заедно со синдикатите, поднесовме над 40 амандмани и го спречивме тој обид.

— реклама —

 Не дозволивме минималната плата да биде отстранета од системот. Тоа е причината зошто денес, кога расте минималната плата, растат и останатите примања.

 Разликата денеска е суштинска.

По две години управување со државата, не зборуваме за барања – зборуваме за реализирани договори.

 Во општините платите се зголемени во просек за околу 5.000 денари.

— реклама —

Во основното и средното образование обезбедивме раст од 46% до 60% во четиригодишен период.

Во високото образование зголемувањето е минимум 14%.

Во здравството – од 40 до 50% во еден мандат.

Полициските службеници добија 10%, социјалните работници 20%, а околу 11.000 административци, судски и обвинителски службеници имаат гарантирано покачување од 40% до 2028 година.

— реклама —

 Сите колективни договори се испочитувани. Платите се исплаќаат редовно.

 Инфлацијата е стабилизирана од двоцифрени стапки на едноцифрена стапки на инфлација.

 Ова се системски решенија, не се импровизации.

Оваа Влада вака го реализира договорот со работниците.

 Ние не бегаме од дијалог за минималната плата, но решенијата мора да се носат институционално – во Економско-социјалниот совет, со одржлив пристап што ја штити и економијата и буџетот.

 Кога сме во опозиција – спречуваме штета.

Кога сме на власт – обезбедуваме раст.

Работниците заслужуваат сигурност, договор што важи и политика што носи резултати“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj20jruemq33a18C0oKM

Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари, а социјалните и здравствените обврски имаат приоритет

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryl98evl6oo3tbdMvPxhp

Стојаноски до Тренчевска: Многу подобро се живее денес отколку кога вие ја водевте државата, тоа го потврдуваат сите економските показатели

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryeuhtmhsi8nq51MrbLCn

Стојаноски: Работиме на испорака на реформи и мерки, тоа го потврди и Фон дер Лајен

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryqj52gku6lvqn9JkiYrZ

Стојаноски: Со ребалансот на Буџетот се издвојуваат дополнителни средства за реализација на капитални проекти кои ќе генерираат дополнителен раст во економијата

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања