Промени тема
Контакт

Стојаноски: СДСМ и ДУИ гласаа против „Безбеден град“ и безбедноста на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library8a44hhthq0pn3VV5H13

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, ги обвини СДСМ и ДУИ за, како што рече, деструктивно однесување при усвојувањето на измените на Законот за прекршоци, со кои официјално започнува функционирањето на системот „Безбеден град“.

Стојаноски оцени дека јавноста и пратениците во Собранието биле сведоци на здружено дејствување на СДСМ и ДУИ против законски измени кои, според него, директно ја унапредуваат безбедноста во сообраќајот и ги штитат животите на граѓаните. Тој посочи дека пратениците на Венко Филипче и Али Ахмети и во опозиција продолжуваат да настапуваат заеднички, овојпат, како што рече, спротивно на јавниот интерес.

— реклама —

Според Стојаноски, наместо да ги надминат партиските калкулации и да поддржат решение кое носи конкретни придобивки за граѓаните, СДСМ и ДУИ одлучиле да не го поддржат законот, наведувајќи различни забелешки и сомнежи за можни злоупотреби на податоците. Тој во таа насока го постави прашањето што овие партии презеле во изминатите седум години додека биле заедно на власт, доколку сметале дека ваквиот систем е проблематичен.

Стојаноски директно го посочи и поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашувајќи зошто во неговиот мандат не биле преземени конкретни чекори за унапредување на сообраќајната безбедност.

— реклама —

Како аргумент за ефикасноста на „Безбеден град“, пратеникот се повика на статистичките податоци, според кои првиот ден од тестирањето биле регистрирани околу 110 илјади сообраќајни прекршоци, додека само 24 часа подоцна бројката се намалила на околу 50 илјади. Тој истакна дека тоа, според него, е јасен показател за превентивниот ефект на системот.

— реклама —

Во однос на сообраќајната безбедност, Стојаноски посочи дека Македонија има околу 65 жртви во сообраќајот на еден милион жители, што е за околу една четвртина повеќе од европскиот просек од 45 жртви. Како позитивен тренд го наведе податокот дека во декември 2025 и јануари 2026 година бројот на смртни случаи е намален од 11 на 2.

На крајот, Стојаноски порача дека СДСМ и ДУИ се спротивставиле на систем кој, според него, директно придонесува за поголема безбедност на граѓаните, додека ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, ќе продолжи да носи мерки и закони во интерес на јавната безбедност и граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„Мицкоски ќе ја „држи“ цената на струјата со заем- сметката повторно ќе ја плаќаат граѓаните“, вели СДСМ

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

„Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице“, велат од СДСМ

Македонија | пред 21 час

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

СДСМ: Со двете мерки на СДСМ, укинување акциза на горивата и ДДВ од 5% ќе има дури 205 литри повеќе за граѓаните

Македонија | пред 1 ден

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

СДСМ: Арамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центрите -на сметка на народната струја, народната вода и сметките на граѓаните

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања