Промени тема
Контакт

Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryhth68gakso1oezwFd0I


„Пред оваа акција каде што беше уапсен и фатен судија во Апелациониот суд со 350.000 евра во ѕидот на неговата семејна куќа, исто така беше уапсен и врховен судија со 10.000 евра поткуп, што значи дека таа метастаза во македонското правосудство постои, 35 години граѓаните ја гледале, а она коешто сега охрабрува е што конечно институциите покажуваат знаци на отпорност кон ваквиот систем и сакаат да го исушат ова политичко обвинителско судско мочуриште кое едноставно го нагризуваше нашиот систем“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на телевизија Њузмакс Балканс во емисијата „Став на регионот“.

Стојаноски исто така истакна дека ќе бидат усвоени 5 закони кои ќе ги заострат критериумите за изборот на судии, обвинители и членови на судскиот Совет со цел да се спречат ваквите појави.

— реклама —

“Овој месец ќе бидат усвоени пет закони коишто ќе треба да ја дефинираат обвинителската и судската служба и каде што ќе треба да ги заострат критериумите за избор дали на судии, дали на обвинители, дали на членови на судски Совет, за да може да го спречиме производството на вакви кадри коишто потоа ќе ја срамат целата држава, тие луѓе да не можат да се доближат до институциите а камоли да седат таму и даваат пресуди“, рече Стојаноски и додаде:

„Колку човечки судбини се уништени од еден ваков корумпиран судија којшто досега успешно се криел од системот. Нешто за коешто нашата партија со години укажува дека тоа е присутно, се надевам дека ќе има уште акции и во наредните години од преостатокот од нашиот мандат, ќе успееме да санкционираме многу вакви криминалци коишто се заштитени и коишто сеуште егзистираат во тој дел од општеството“.

— реклама —

На крај Стојаноски посочи дека со новиот Кривичен законик се предвидени заострени казни со цел да се покаже дека секој во државата треба да ги почитува законите, а правдата важи за сите.

— реклама —

„Оваа е порака дека другите судии коишто можеби помислуваат на вакви дејанија, дека криминалот е неисплатлив, ние сега создаваме решенија коишто ќе бидат системски, од коишто некој утре ќе може да ги гони функционерите од оваа власт, одговорни политичари така размислуваат. Во Кривичниот законик којшто ќе го изгласаме во петок се заострени сите казни, ние одлучивме како пратеници согласно уставните надлежности да предложиме повисоки законски казни, затоа што еднаш засекогаш мора да покажеме дека секој во оваа држава треба да знае дека треба да работи по закон, и нема недопирливи, правдата треба да ги стигне сите“, дециден е Стојаноски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryjs99c1mk31qr8CbFl1A

„Филипче се фали со одлуки на обвинител кој слепо следи партиски насоки што е сосема спротивно од европските стандарди“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 час

media-library006733a94g0e1RsM7NS

„До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%,Владата трета година по ред со училишна кошничка на почеток на учебната година“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 часа

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

„СДС не може да се помири дека Македонија има најевтини нафтени деривати и најниска инфлација од земјите во регионот“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 22 часа

media-libraryh4uaeu6peghp68rbgaL

„Наспроти црните сценарија на СДС, цените на горивата се најниски во регионот, инфлацијата падна на 2,3%, јавниот и државниот долг се намалуваат“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања