Промени тема
Контакт

Стојаноски: Со Орце Ѓорѓиевски, проблемите во град Скопје ќе се надминат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryt700j7pnai3n8wZdPc7

„Во вториот круг влегуваме како некој којшто води во 21 општина, од оние условно кажано 27 кадешто се води натпревар помеѓу ВМРО-ДПМНЕ или помеѓу СДСМ. Очекуваме да триумфираме во сите 27, бидејќи во вториот круг апсолутно се боревме за секој човек и за секој глас, очекуваме победа и во Карпош, и во Центар, и во сите други општини каде што сме конкурентни“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

— реклама —

Стојаноски објасни дека градот Скопје веќе осум години нема адекватен градоначалник и дека со ВМРО-ДПМНЕ, и кандидатот Орце Ѓорѓиевски, тоа ќе се промени, преку план и визија.

— реклама —

„Осум години граѓаните на Скопје не виделе како треба да се однесува еден вистински градоначалник на градот. Ние размислуваме за четири години да направиме толку силен квантен скок, за граѓаните да видат и почувствуваат дека има град и како институција којашто се грижи за нив. Имаме план, имаме визија, имаме обезбедено се како што треба и само чекаме за влеземе во Градот и да почнеме да работиме“, рече Стојаноски.

Стојаноски посочи дека со кандидатот Орце Ѓорѓиевски, ќе биде инсталиран систем со кој ќе се решат проблемите во областа на градската чистота, јавниот превоз и сите останати проблеми кои ги имаат граѓаните на град Скопје.

— реклама —

— реклама —

„Ние оваа кампања не ја водевме колку само да победиме, туку ние неколку месеци размислуваме за што потоа, како одговорна партија, како одговорни луѓе ние ќе инсталираме систем за да никогаш повеќе ова не се повтори и со градската чистота, и со јавниот превоз, и сите овие хронични проблеми коишто ги имаат граѓаните на Скопје. Ние на ова работевме неколку месеци, нашето главно прашање на сето она коешто се случуваше беше што потоа од 3 ноември понатаму, и сме многу подготвени за тоа што следува од тој момент“, дециден е Стојаноски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нервозен и во паника, СДС нема што да им понуди на граѓаните

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 1 ден

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања