Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Стојаноски со предупредување: Буџетот ќе нѐ заглави и задолжи!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
bojan-stojanovski

Овој буџет кога ќе го видите вака како по учебник тој е инфлаторен, односно буџет кој нема да даде одговор на најсериозните прашања на македонското општество и кој дополнително ќе не задолжи и заглави, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

„Буџетот е со дупка од 1,5 милијарди евра и сметам дека тоа е нешто што Република Македонија нема да може да го издржи и ќе требаат многу сериозни корекции“, рече Стојаноски.

— реклама —

Стојаноски не се согласува со логиката за зајакнување на стопанството кога се покачуваат ставките за договорни услуги, набавка на мебел и возила.

„Ако го видите буџетот како е конципиран и како тие средства идат кон стопанството тогаш ќе прифатам дека оваа теза е во право, но јас не можам да ја најдам логиката како ние ќе го зајакнеме стопанството кога ги покачуваме ставките за договорни услуги, за стоки и услуги, набавка на ситен инвентар, за мебел и возила, тогаш јас тука не можам да ја разберам логиката“, кажа Стојаноски.

— реклама —

Тој додаде дека нема да има градба на нови автопати, болници, училишта, спортски сали итн.

„Нема да се изградат нови автопати, болници, патишта, училишта, спортски сали итн. Доколку бевме во можност ние да ја администрираме Владата или министерството за финансии да ги скратевме сите непродуктивни трошења, да го задржевме на нивото како претходната година, бидејќи оваа година за разлика од претходната година имаме повисока инфлација“, вели Стојаноски.

— реклама —

Стојаноски потенцираше дека буџетот е искритикуван од синдикатите, организацијата на работодавачи како и коморите.

„Овој буџет ако видите е искритикуван од синдикатите на ССМ и КСС, организација на работодавачи, коморите не се задоволни, потрошувачите не се задоволни. Тогаш тоа нешто сериозно кажува дека така концепираната фискална политика не го дава одговорот и треба нешто да се промени“, дециден е Стојаноски.

— реклама —

Тој додаде дека невозможно е оваа Влада да реализира капитални инвестиции во вредност од 800 милиони евра.

„Од аспект на капитални инвестиции невозможно е оваа Влада да реализира 800 милиони евра, кога има почнато во својот мандат километри автопат помалку од колку што сменила премиери. Оваа Влада смени 3 премиери во овие 6 години, а имаме само 2 километри автопат кои и тие не се започнати. Токму затоа е малициозно да зборуваме за капитални инвестиции“, кажа Стојаноски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања