Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Стојановски до власта: Колку и да се обидувате да не сотрите, нема да успеете, Македонија не е на продажба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
8

Среќен сум и тажен. Среќен сум затоа што Божјата волја беше да се родам во Македонската лулка. А тажен бидејќи сите ние заедно споделувајќи ја радоста што му припаѓаме на овој народ, се туку и секаде некому му се објаснуваме и докажуваме, се што имаме и од неа никогаш и под никакви услови нема да се откажеме, порача коментаторот Тони Стојановски на денешниот

Стојановски пред присутните порача дека македонскиот народ е добродушен, но не и наивен, како и дека туѓото го почитуваме,

Ќе слушнат дека ние се родивме, живееме и ќе умреме во Македонија. Добродушни сме но, наивни не сме. Зло не мислиме, но зло повеќе не трпиме. На секој предлог, договор и услов кој што постои за нас ќе одговориме со НЕ, НЕ и уште една НЕ. Туѓото го почитуваме, добрата волја ја цениме, но вечерва овде, а и утре и задутре ако треба и во еоните ќе испратиме лавовски крик за да се разбуди исконот кај заспаните меѓу нас, рече тој.

Стојаноски потенцираше дека македонскиот народ е исправен пред тешка задача и токму поради тоа од платото пред Владата порача нон пасаран.

— реклама —

Македонци мои ние сме исправени пред тешка задача. Да љубиме безусловно а да ни поставуваат услови. Да почитуваме безгранично, а да ни поставуваат граници. Да сме подготвени на компромиси, а да ни нудат ропство. Вечерва им велиме нон пасаран, истакна тој.

— реклама —

Подадовме рака, ни ја бараат душата. А има ли цена душата? Колку гроша вреди крвта на предците, колку милиони вреди комфорот на наследниците? Ќе ги има ли воопшто ако се продадеме, праша Стојановски.

Стојановски изјави дека колку и да се обидуваат од државниот врв нарекувајќи ги самопрокламирани визионери, нема не можат да ја сотрат Македонија.

— реклама —

Само безумните може да веруваат дека иднината се менува на подобро со капитулантски потпис со откажување од претходната и со условување на следната генерација. И затоа наша обврска е повторно да им кажеме НЕ, Македонија НЕ БИЛА, НЕ Е И НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ НА ПРОДАЖБА.

Не можат да ја сотрат Македонија, па колку и да сакаат да ја продаваат. Оваа држава Македонија настана со револуција, не една туку повеќе, со јасна историска постојаност. И затоа оваа држава Македонија нема да падне со еволуција на таканаречените европски вредности, туку ако паднеме ние Македонците ќе паднеме од гола сила. А и тоа нема да биде лесно, ниту ќе биде со наша добра волја, ниту ќе биде со потпис на кој било самопрокламиран визионер од државното раководство. Отпорот ќе биде секогаш и засекаде а победата е загарантирана затоа што Македонија, Македонците, македонскиот јазик и историја, култура и идентитет се единствената вистина. Македонци мои вистината се брише само со сила. Но колку и тие да се држат до силата ние нема да отстапиме од вистината, порача Стојановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања