„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Стојчевска: Мојот сопруг поради отчетност пред граѓаните, се врати на старата позиција заменик-командир во Шумската полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
36963485283_527d51a418_o-1

Мира Стојчевска  во коментар на Фејсбук тврди дека таа на никој начин не влијаела, ниту интервенирала за вработување на член на нејзиното семејство или близок роднина.

— реклама —

„Изминативе денови внимателно ги следев реакциите во јавноста во однос на обвинувањата за непотизам, нешто што е спротивно на мојата определба и заложба за градење на општество кое ќе нуди подеднакви услови за сите. Општество кое ќе гарантира еднаквост меѓу граѓаните, независно од нивната партиска, религиозна или каква било друга определба. Тоа е целта за која што се боревме додека бевме во опозиција, тоа е целта на која работиме и сега. Одговорно тврдам дека, откако сум пратеник, а и претходно ниту сум влијаела, ниту пак имам намера да интервенирам за вработување на член на моето семејство или некој близок роднина. Тоа е спротивно на моите принципи и етички критериуми. Сепак сакам јавно да соопштам дека мојот сопруг Ило Стојчевски, кој во Шумска полиција – Сектор Делчево при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како заменик – командир работи од 1998 година, уште на 14. 02. 2019 година побара да биде отповикано временото овластување со кое привремено беше назначен за командир на Шумската полиција – Делчево. Иако не сум имала никакво влијание во неговото овластување за командир на шумската полиција – Делчево, следејќи ги моите, но и неговите принципи за отчетност пред граѓаните, мојот сопруг, независно од неговото долгогодишно искуство одлучи да се врати на старата позиција заменик-командир во Шумската полиција – Сектор Делчево. Исто така, сакам да информирам дека и мојот брат Целе Велевски, кој преку Агенција за привремени вработувања беше ангажиран на определен период од пет месеци во РЕК Битола, се откажа од ангажманот. Иако мојот брат сам одлучува за својата иднина и за иднината на неговото семејство, а неговиот ангажман беше легален, легитимен и во ниту еден случај не беше поврзан со одредена политичка партија, тој реши да се откаже од овој привремен ангажман поради неоснованите сомнежи дека јас сум имала некакво влијание при неговото ангажирање, што целосно не е точно“, напиша на Фејсбук Стојчевска

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања