„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Стојкоски ќе ја тужи Левица: се скараа по објава дека Ѓорче Петров има злоупотреби со донирано земјиште без одлука на Совет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Sequence-05.00_09_33_18.Still003

Советничката Дарја Мустафаоглу го обвини градоначалникот на Општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски дека Општината незаконски донирала општинско земјиште и објект, односно старата општинска зграда.

— реклама —

,,Без Одлука на Советот на Општина Ѓорче Петров и спротивно на Закон сме примиле донација од БУГАРСКАТА АМБАСАДА и без Одлука на Советот и спротивно на Закон сме оттуѓиле, т.е. донирале општинско земјиште и објект, односно старата општинска зграда!

Каде се брзал градоначалникот Стојкоски и зошто сето ова се реализира скришум, преку грубо кршење на Законите и пречекорување на овластувањата, оставам да процените вие.", напиша Мустафаоглу.

— реклама —

Во изјава за Сител градоначалникот Стојкоски ги негираше овие тврдења.

,,Општината Ѓорче Петров нема донирано ниту педа земја, ниту метар квадрат било каков тип на простор туку едноставно преку системот на министерството за финансии преку кој што се издава просторот за кој што располага општина Ѓорче Петров, за што има и соодветна одлука на Совет пред повеќе години. Морам да напоменам, просторот на старата општинска зграда е издаден. Повторувам, издаден. Ниту е дониран на невладината организација „Во мојот свет“, согласно критериуми кои што сме ги поставиле во огласот за изнајмување, а преку законски и транспарентен процес кој што го контролира министерството за финансии, изјави во изјава за Сител Стојкоски.

Стојкоски најави лична тужба и тужба од страна на општината против Левица.

,,А јас исто така во консултација со мојот адвокатски тим ќе поднесам лична и тужба од општината Ѓорче Петров. Тоа што сакаат да го направат се должи на резултат на константно опаѓање на нивните гласови во Ѓорче, бидејќи за последните парламентарни избори имаа дури 30 посто помалце гласови од тоа што го имаа на локалните избори", вели Стојкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања