Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Стојкоски: „На башибозукот му се ближи крајот – одговорност ќе има“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
media-librarye06qosfbv2h09fB96NK

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, објави дека екипите на Комунален пункт се постојано на терен за да се справат со последиците од, како што вели, „нефункционирањето на Градот и на ЈП Комунална хигиена – Скопје“.

— реклама —

Стојкоски ја поздрави акцијата на Министерството за внатрешни работи и инспекциските органи, кои по наредба на Владата започнаа вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во Комунална хигиена, поради сериозните проблеми со несобирање на отпадот.

— реклама —

„Екипите на Комунален пункт се постојано на терен да се изборат со нефункционирањето на градот и Комунална Хигиена Скопје. Ја поздравувам акцијата на МВР и надлежните инспекторати и како општина сме ставени целосно на располагање за обезбедување на потребната документација и документи. На овој башибозук му се ближи крајот и одговорност ќе има!“, напиша Стојкоски на социјалните мрежи.

Изјавата на Стојкоски доаѓа во момент кога ситуацијата со отпадот во Скопје е оценета како алармантна, а Владата донесе одлука за итна интервенција на државно ниво со цел заштита на јавното здравје и воспоставување ред во комуналните служби.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj9hkmj2bghll5OcOuIK

Заменети околу 200 контејнери, отстранети 880 кубни метри отпад од скопските улици

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-library9ttm9lvlhg9h7RcNnTy

Пристигнаа новите возила за комунална хигиена, најавени и 3.300 контејнери

Скопје | пред 1 месец

media-library9cvub77u07579Uq8ukF

675 кубни метри отпад отстранети од диви депонии низ Скопје

Скопје | пред 2 месеци

media-librarykqs3urdbnug1dF2vSeQ

Комунална хигиена започна со миење на скопските улици и булевари

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања