Стојкоски скрати од парите за патувања, цвеќиња, одржувања на возила и парите ги пренамени за новата градинка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
3-1

Општина Ѓорче Петров кратејќи од парите наменети за трошоци на градоначалникот Александар Стојкоски, Советот и администрацијата, обезбеди седум милиони денари за доградба на градинката во Волково. Ребалансот на Буџетот предложен од градоначалникот Стојкоски е завршен и изгласан од Советот на Ѓорче Петров. Тој ги скрати парите кои беа одвоени за патување и сместување, одржување на слубежно возило, копирање, цвекиња, пречек на гости.

— реклама —

„Потребите на градоначалникот, Советот, администрацијата се неважни во споредба со потребите кои ги имате вие, жителите на Ѓорче Петров. Затоа, денеска го направивме ребалансот на Буџетот на Општината! Го кратиме сето она кое го сметаме непотребен трошок. Затоа, меѓудругото кратиме од: трошоците за патување и сместување на Советот на Ѓорче Петров; Ставката за патувања на градоначалникот; Парите кои досега беа предвидени за одржување на службено возило; Средствата за копирање и печатење; Парите предвидени за цвеќиња и сместување на гости“, напиша Стојкоски.

— реклама —

Тој дополнително, предложи, а Советот одобри кратење на парите плати и надоместоци за вработувања, за обезбедување и средства планирани за фотографирање.

— реклама —

„И тоа за една цел: обезбедуваме 7 милиони денари за доградба на градинката во Волково. Советот на Ѓорче, го поддржа ова! Нема поголем приоритет од граѓани, односно од најмладите! Не сакаме листи со чекања и правиме сѐ тоа да биде минато! Ниту сакаме буџети каде на прво место не сте вие, жителите на Ѓорче, кое го правиме модерно, урбано, хумано!“, додаде Стојкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања