Стоматолозите специјалисти по протетика, ортодонција и орална хирургија не се задоволни од одлуката на Владата, за зголемување на буџетите за 15 проценти. Во нивното отворено писмо до директорите на ФЗОМ и министерот здравство, тие велат дека, наместо да постапат по нивните барања-им сервирале девалвирачки проценти за зголемување на буџетите кои се рамни на милостина и омаловажување на нивниот труд, објави Нова ТВ.
Стоматолозите велат дека за да се одвива стоматолошка здравствена заштита наместо проценти потребно е да се спроведе Законот за здравствена заштита и методологија во нормираните здравстени услуги, како и итно проширување на пакетите на здравстени услуги.
Во Отвореното писмо до директорите на ФЗОМ, Ден Дончев и Орхан Рамадани и министерот за здравство Венко Филипче се вели:
„При крајот на декември 2018 година, ФЗОМ и надлежните комори (Стоматолошката комора и Лекарската комора) се договорија да се потпише анекс за продолжување на постоечките договори, кој ќе се применува во наредните шест месеци до 30.06.2019 година. Во меѓувреме, од јануари 2019 година, преставниците на ФЗОМ и засегнатите доктори, требаше да формираат посебни работни групи кои ќе работат на решавање на сите отворени прашања, објави Нова ТВ.
фото: BBC