Неформалното здружение на граѓани „Стоп за грабежот“ денеска на прес-конференција побара повторно извршителите да се вратат во рамки на судот.
На тој начин, како што велат, ќе имаме поправични судења и поправични процеси и ќе дојдеме повеќе до правда. Бараат и ветинг на судиите.
„Бараме ветинг на судиите затоа што во самата судска власт имаме криминални судии. Имаме и во Судскиот совет, кој формално постои и не ги надгледува судиите, односно не си ја работи работата. Тоа е се формално. Судиите и во Оновен 1 и Основен 2, Судскиот совет, обвинителите и Советот на обвинителите не си ја работат работата, изјави Ана Глигорова, член на „Стоп за грабежот“, коешто организираше и протестен марш од пред Министерството за правда до комплексот судови.