Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Стоп за куси здолништа и мускули со тетоважи - српските факултети воведуваат нови правила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
srpski-studenti-1

Факултетите во Србија имаат нов кодекс на облекување за сите оние кои го посетуваат и работат во него. Тие воведоа забрани „чудни за студентите“, но, за восхит кај останатите.

— реклама —

Причината за овој потег, како што објавуваат српските медиуми се поплаките на професорите дека студентките, според нивно мислење, на предавањата често доаѓаат непримерно облечени и разголени. Но, не само девојките, во последно време и машките студенти, често доаѓале полуголи за да ги покажат своите тетоважи на телото или облечени во маици без ракави и куси панталони кои повеќе откриваат отколку што сокриваат. Затоа, според српскиот „Телеграф“, речиси сите српски факултети пропишале свои кодекси на облекување што им забрануваат на студентите да носат непримерна облека.

— реклама —

— реклама —

Еден српски факултет дури ги потсетува студентите да им кажат на професорите: „Добар ден, Благодараме, Се извинувам и Повелете”, и строго истакнува како треба да се облекуваат студентите за на факултет.

— реклама —

На Правниот факултет во Нови Сад донесени се толку строги правила што непримерно облечените студенти ќе бидат отстранети од предавањата и ќе бидат пратени дома ако не го почитуваат кодексот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања