„Стоп за Усје“ утре на протестен марш од Влада до Министерство за животна средина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Скопје
media-libraryo6tg4qehn5qvcyX0unY

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави протестен марш во сабота, 31 јануари 2026 година, со почеток во 12:00 часот, како притисок за, како што велат, поефикасна институционална реакција за правото на чист воздух во Скопје. Маршот ќе стартува пред Владата, ќе продолжи кон Собранието и ќе заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање.

— реклама —

Од иницијативата ги повикуваат граѓаните масовно да се приклучат и порачаа дека досега испратиле барања до повеќе институции, но, според нив, не добиле одговор. Токму затоа, велат, одговорите повторно ќе ги побараат „на улица“, со порака дека ниту еден профит не смее да биде поважен од здравјето и животот на граѓаните.

Во најавата, „Стоп за Усје“ повторно нагласува дека протестите се граѓански и дека не се дозволени партиска промоција и партиски симболи. Истовремено, апелираат маршот да помине мирно, без насилство и без говор на омраза. Во својот повик, иницијативата посочува и дека нема да се повлече, сè додека, како што тврдат, јавноста се уверува со бројки од мерења „кои ги прави самата фабрика“.

— реклама —

Наспроти овие обвинувања, од цементарницата ТИТАН Усје претходно реагираа дека работат согласно домашната регулатива и дека имаат континуиран 24-часовен независен мониторинг на емисиите, со јавно достапни резултати од мерењата. Од компанијата тврдат дека во изминатите шест години инвестирале над 36 милиони евра, од кои дел биле за унапредување на заштитата на животната средина, и дека не ги надминуваат граничните вредности утврдени во дозволите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања