Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

За да ги заштити интересите на своите членки, но и да укаже на основните процедури и принципи на работа што мора да се почитуваат, Стопанската комора на Северна Македонија на ден 12.10.2023 година (четврток) ја поднесе Иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност пред Уставниот суд на РС Македонија, со предлог за донесување на Решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија донесени врз основа на оспорениот Закон, до донесување на конечната одлука, известува Стопанската комора.

— реклама —


— реклама —


— реклама —

„Во оваа Иницијатива е обединета целата бизнис заедница, што е редок позитивен пример. Со неа, преку аргументиран пристап, бизнисот бара да се обезбеди гаранција на правната сигурност, како составен дел на принципот на владеење на правото што е неопходен во процесот на работењето на компаниите.

— реклама —

Сакаме уште еднаш да потврдиме дека бизнисот е целосно усогласен во однос на забелешките кон Законот за данок за солидарност, кои се поддржани и од највисоките органи и тела на Комората, предводени од Клуб 100, а поддржани и од Управниот одбор, Надзорниот одбор, од Собранието на Комората, Советот на странски инвеститори и од другите бизнис-организации“, велат од Стопанската комора.


„Дополнително, сакаме да ги известиме компаниите и сите бизнис организации дека на нашата веб-страница Стопанска комора на Северна Македонија во текот на денешниот ден ќе биде овозможено да пристапат и повторно да ја искажат поддршката во процесот пред Уставниот суд на РС Македонија, за поднесената Иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за данок на солидарност“, се додава во соопштението на Стопанска комора.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања