„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Стотина автобуси остануваат во гаража: приватните превозници од денеска не возат, а ЈСП и онака нема доволно возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Започнува училишната година, а приватните автобуси кои требаше да ги заменат и расипаните возила на ЈСП - ќе останат паркирани. Се воведува редуциран сообраќај. Како што едногласно одлучиле, приватните превозници ќе сообраќаат на една линија само по еден автобус и тоа еднаш  во денот, наутро или навечер. Што значи дека според зимскиот возен ред ќе недостасуваат 150 автобуси. Оваа одлука следи откако од ЈСП не добија позитивен одговор за исплата на нивниот долг, ниту за покачување на цената по километар.

— реклама —

Бидејќи на седницата на Град Скопје не помина одлуката за потребата од набавка на нови еко автобуси, директорот на ЈСП, Драги Кушовски рече дека ќе се обиде да бидат поправени околу 40 автобуси кои би биле пуштени во сообраќај, што е далеку зад бројката од 150, кои недостасуваат. Но потоа, не даде одговор колку од овие автобуси се поправени, а на улиците се сведочеше уште за други десетици кои се расипуваа, а неколку и се запалија.

Во меѓувреме, посебна компанија која работи на линиите 9, 11, 11а, 12, 47 и 55 нема да учествува во прекинот. Оваа компанија ќе се придржува до договорот со ЈСП и ќе го одржува редовен распоред на услуги. „Компанијата продолжува да ги исполнува своите обврски според прописите за транспорт и ќе ги одржува линиите во функција“, потврдија тие.

— реклама —

Владата го повика градоначалникот да го подмири долгот со приватните превозници за да се реши прекинот и да се обезбедат непречени градски транспортни услуги.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања