„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Штрајк пред Град Скопје, нема плата во „Улици и патишта“ поради лошото менаџирање на Арсовска и Глигоров, најавија вработени во претпријатието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
IMG_2109

Вработени во јавното претпријатие „Улици и патишта“ најавуваат штрајк пред Град Скопје, бидејќи повторно немаат плата. Тие во соопштението до медиумите, посочуваат дека вината ја гледаат кај градоначалничката Данела Арсовска, старо-новиот секретар на Градот, Зоран Глигоров и разрешениот директор Ванчо Умленски.

— реклама —

„Најавен штрајк пред Собранието на Град Скопје - повторно нема плата во ЈП Улици и патишта. Поради лошото менаџирање на двоецот Арсовска - Глигоров преку разрешениот директор Ванчо Умленски, претпријатието повторно како и минатиот месец има сериозни проблеми со исплата на личниот доход на вработените. Причините за ваквата состојба се следните: 1. Презадолжување на претпријатието кон добавувачи на материјали во износ од 240 милиони денари; 2. Не плаќање на долгот од страна на директорот, односно градоначалничката, т.е. селективно плаќање на фирми блиски до секретарот и градоначалничката; 3. Сметката е блокирана во износ од 10 милиони денари и извршни решенија во износ од 40 милиони денари кои ќе стапат на сила наредниов период; 4. Во претпријатието нема основни средства за работа како нафта, ризла, тампон, рабници. Причина за ова е не плаќањето на обврските кон добавувачите, а со тоа и испораката на материјалите; 5. Градежни машини и возила што поради погоре наведените причини се со дефекти и не се сервисираат со месеци; Вработените се принудени преку штрајк да го остварат своето право на личен доход и истиот ќе биде пред Собранието на Град Скопје кога вработените ќе дојдат со целата механизација. За почетокот на штрајкот ќе бидете дополнително информирани“, се вели во соопштението пратено до медиумите од вработени во ЈП „Улици и патишта“.

— реклама —

„Скопје1“ побара став и од Град Скопје, односно Арсовска и Глигоров за тоа, зошто јавното претпријатие е доведено во ваква состојба, како ги коментираат најавите за штрајк, како и, зошто вработените се уште немаат плата, а сметката на претпријатието е блокирана. Оттаму, не очекуваме одговор бидејќи Град Скопје нема одговорено ни на претходни дваесетина дописи со новинарски прашања, а Арсовска се крие односно не се појавува на гостувања во „Претрес“.

И во септември, вработените во Улици и патишта се жалеа дека не им била исплатена плата во рокот до 15-ти во месецот. По дописот во јавност за лошата состојба во претпријатието, Град Скопје ги негираше таквите наводи, па претпријатието исплати плати на вработените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања