Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Штрајкот се политизира, смета партијата на власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
SDSM-92

„Со понудата на Владата платите во образованието се зголемуваат за 31 отсто за четири и пол години, вака штрајкот се политизира. Продолжувањето на штрајкот негативно се одразува врз учениците и воспитно-образовниот процес и децата се држат во неизвесност“, вели СДСМ.

Тие додаваат:

— реклама —

„Отсуството од наставата веќе извесно ќе доведе до пролонгирање на школската година, негативно ќе влијае врз уписите, како и врз полагањето на стручен испит на околу 500 наставници.

Понудата на Владата предводена од СДСМ е зголемување на платите од 10 отсто или 2.500 денари во просек.

— реклама —

Претходно низ партнерски дијалог во три наврати ги зголемивме платите во образованието за вкупно 21 отсто, со што со полсеното покачување платите во образованието и детската заштита ќе пораснат за 31 отсто за период од четири и пол години.

Тоа е многу повеќе споредено со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога за пет години платите во образованието се зголемија за само четири отсто, а оваа партија потроши стотици милиони еврра на споменици додека бројни училишни објекти и детски градинки се распаѓаа.

— реклама —

Затоа ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за платите и условите за работа во образованието и детската заштита.

Партијата која со години ги малтретираше и уценуваше наставниците, денес го политизира штрајкот на членовите на СОНК.

— реклама —

Интересите на учениците мора да биде на прво место, а штрајкот на СОНК да престане да се политизира.

Во најдобар интерес на учениците е тие да се вратат на настава што поскоро а образовниот процес да продолжи да се одвива непречено“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybusik94tnchbfo3guUM

Движењето ЗНАМ тврди дека повеќе од 30 члена го напуштиле СДСМ во Ѓорче Петров

Слајдер | пред 4 часа

— реклама —
media-librarytg6se3qaeag85vXuszA

СДСМ: Економската реалност е поинаква од ветувањата на Мицкоски

Македонија | пред 11 час

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 1 ден

media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања