Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Странски војски доаѓаат во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
123077365163393f321841a157728926_v4_big

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата од Министертсвото за одбрана за влегување и престој странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на обука и вежба „Trojan Footprint 24 и донесе таква Одлука.

Обуката и вежбата „Trojan Footprint 24“ е дел од Планот за организација и учество на Армијата на Република Северна Македонија на вежби од меѓународен карактер за 2024 и 2025 година, согласно потребите за активно планирање, организирање, подготвување и реализирање заеднички обуки и вежби помеѓу сојузниците во НАТО.

— реклама —

Вежбата е предвидено да се реализира на територијата на Република Северна Македонија, во период од 16 јануари до 16 март 2024 година, со учество на 40 припадници од специјалните сили на Вооружените сили на САД и 12 припадници на специјалните сили на Република Грција, со вооружување, опрема, моторни возила и материјално – технички средства. Специјалните сили на Армијата на Република Северна Македонија активно ќе учествуваат во подготовките и изведувањето на заедничката обука и вежба со 55 припадници (учесници на активноста и реална логистика).

— реклама —

Локации за учеството на вежбата е предвидено да бидат АП „Криволак“, полигоните за обука и стрелиштата во гарнизонот Скопје и стрелиштето „Красте“ во гарнизонот Штип.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања