„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Страотни детали за изнудата во Скопје: го чекал пред работа, му се заканувал со децата - се почнало со криптовалути

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Screenshot-2024-08-12-at-09.53.16

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишник осомничен за кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 10 август, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, осомничениот со употреба на сериозна закана присилил еден оштетен на штета на својот имот да му даде паричен износ од 7.000 евра.

— реклама —

Откако во текот на јули, две жени со кои оштетениот имал претходни деловни односи во врска со препродажба на опрема за копање на криптовалута, го запознале осомничениот со оштетениот и му ги дале неговите контакти, тој закажал средба со него и започнал да му се заканува дека ќе го загрози неговиот живот и тело како и на неговите блиски доколку не му ги исплати парите за наводен долг од 16.500 евра кон двете жени.

— реклама —

Му се заканувал дека ако не соработува ќе му влезе дома и ќе му го нападне семејството и децата, а во една прилика и директно физички го нападнал на паркинг пред работното место, удирајќи го со тупаници. Откако се договориле за време и место за првата рата од исплатата, оштетениот го пријавил и осомничениот бил затекнат при приемот на парите од изнудата.

Бидејќи има околности што укажуваат дека постојат условите за определување на мерките на претпазливост кои се неопходни за непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложи на осомничениот да му бидат определени: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патните или други исправи за преминување на државна граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

Categories

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања