„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Страотно сведоштво на скопско семејство: Никој не го лекувал, па им рекле “Ставете огледало под нос за да видите дали е починат”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
trajce

Јас бев во кујна, подготвував вечера, Трајче си потпевнуваше „Дафино вино црвено, момчето ти е...“, кога престана, не можеше да ја доврши песната оти секрет му се слеа во грлото“, раскажува скопјанката Лиле Петровска, која сѐ уште не може да се соземе од шокот што го доживеала пред неколку недели, објави samoprasaj.mk.

— реклама —

„Ми рече дека изгледа настинал, а јас потрчав со „Парацетамол“ и „Риностоп“ да му помогнам“, продолжува Петровска.

И следните два дена симптомите биле слични, но Трајче снемувал сила. Не пеел, поткашлувал и бил топол на челото. На прашањата на Лиле одговарал кусо и отсечно, немал желба за муабет, а и апетитот го напуштал.

— реклама —

Сомнежот дека може да е подмолниот вирус бил сѐ поголем, па Лиле ѝ се јавила на матичната лекарка.

Иако ординацијата е во близина на нивниот дом во скопска Автокоманда, за него немало физички преглед. Таа ѝ дала инструкции по телефон.

Состојбата се влошувала наредните денови.

Дошол викендот, а прстите на рацете и на нозете на Трајче почнале да помодруваат. Очајна, Лиле одлучила да се јави во приватна клиника.

„Оттаму љубезен женски глас ми рече да дојдеме и да донесеме 12.000 евра како сигурност и дека нивен тим ќе дојде и ќе го земе веднаш од дома. Без разлика што немал тест, ќе го лекувале како КОВИД-пациент“, раскажува Петровска.

Таа додава дека живееле од пензијата на Трајче што изнесува 15.000 денари плус 5.000 денари додатоци и дека со таква сума не располагале.

Понеделник наутро, Трајче веќе не бил контактибилен. Тој не станувал од кревет, тешко дишел и не одговарал на прашања. Помалата ќерка Маре повторно се јавувала по лекари и Итна помош, но немало промена во одговорите, освен дека мора итно да се хоспитализира.

Taa се јавила во приватна лабораторија и закажала тестирање дома. Ѝ побарале 3.700 денари, 3.100 денари за земање брис и 650 денари за лаборантите коишто ќе направат домашна посета. Објасниле дека за 40-ина минути ќе бидат на нивната адреса.

Никој не сакал да констатира смрт

Текстот во целост на:  samoprasaj.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања