Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Страшно: Ексохридска директорка си купила нов автомобил, а немала за данок да плати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Screenshot-2022-12-26-at-16.16.08

Претседателот на Советот, Сашо Донев обелодени дека деновиве УЈП ја блокирала сметката на Општина Охрид поради тоа што претходната директорка на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јовановска, во периодот 2017-2021 г. не исплатила ниту денар за данок кон државата.

— реклама —
— реклама —

Знаете дека буџетот се креира за претходните три години во однос на реализацијата и по таа основа Буџетот на Општина Охрид за 2023 г. од Министерството за финансии ни го намалија за 32 милиони денари, со коишто можевме да направиме неколку капитални инвестиции. Исто така на УЈП по 4 години ѝ текна дека ЈП „Билјанини извори“ должи 600 000 евра за неплатен данок. Токму тие пари коишто ви фалат во нацртите, односно околу 11-12 милиони денари се за ратите коишто ќе треба Општината да ги плаќа поради тоа што не бил платен данок 20 милиони денари во ЈП „Билјанини извори“, велат од ОК ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

УЈП по 4 години се сетила дека „Билјанини извори“ должи 20 милиони денари, кои со каматите се околу 600 илјади евра, се сетиле дека треба да го блокираат основачот, а не претпријатието, и ние сме соочени со фактот дека во наредните три години ќе треба да исплатиме 600 илјади евра како Општина за долгот што го направиле тие што го воделе претпријатието. Ниту денар платен за данок во изминатите 4 години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања