Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Страв од инфлација ги потресе светските берзи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx
unsplash

Европските берзански индекси денеска претежно бележат пад, додека цената на нафтата тип Brent Crude се искачи над 107 долари за барел, во услови на обновени стравувања од раст на инфлацијата во САД.

Индексот на производствени цени во САД во април пораснал за 1,4 проценти на месечно ниво, што е најголем раст од март 2022 година. Годишната инфлација достигнала шест проценти.

— реклама —

Претходно беше објавено дека американската потрошувачка инфлација се зголемила на 3,8 проценти на годишно ниво, под влијание на растот на цените на енергенсите и трошоците за домување.

— реклама —

Според берзанските податоци во 9:30 часот, цената на суровата нафта пораснала за 1,63 проценти на 102,787 долари, додека нафтата Брент поскапела за 1,35 проценти и достигнала 107,196 долари за барел.

— реклама —

Европските фјучерси за гас за јуни денеска на отворањето на амстердамската берза TTF се тргувале по цена од 47,695 евра за мегават-час.

Индексот DAX на Франкфуртската берза паднал за 0,73 проценти на 24.271,92 поени, францускиот CAC 40 за 0,52 проценти на 8.040,24 поени, а британскиот FTSE 100 за 0,57 проценти на 10.313,54 поени.

Истовремено, московскиот индекс MOEX пораснал за 0,14 проценти на 2.662,49 поени.

Европските пазари го следат негативниот тренд во Азија, каде јужнокорејскиот индекс Kospi паднал за повеќе од три проценти по рекордните нивоа над 8.000 поени.

Јапонскиот Nikkei 225 загубил 1,1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng ослабел за 0,89 проценти.

Вредноста на еврото во однос на доларот на девизниот пазар Forex денеска изнесува 1,16445 долари.

Цената на златото паднала на 4.584,02 долари за тројска унца, додека цената на пченицата се намалила на 6,5250 долари за бушел.

Американските берзански индекси претходниот ден завршија во плус. Dow Jones Industrial Average пораснал за 0,75 проценти на 50.063,46 поени, S&P 500 за 0,77 проценти на 7.501,24 поени, а Nasdaq Composite за 0,88 проценти на 26.635,22 поени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања