Стразбур пресуди во корист на Бошкоски, државата треба да му плати отштета за „Кампања“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ljube-boskoski

Судот во Стразбур пресуди во корист на лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“, а Македонија ќе треба да му исплати парична оштета. Во пресудата стои дека одлуката е донесена поради неправедност при водењето на судската постапка, односно, неоправдано исклучување на јавноста од рочиштата, но и прекршувања на законот при сослушување на заштитениот сведок.

— реклама —

Судот констатирал дека секој има право на фер и јавно сослушување во разумен рок на независен сведок, а медиумите може да бидат исклучени само во случај да бил нарушен моралот, редот во судницата, нациоанлната безбедност, заштита на приватниот живот и слично, а истото не било случај во постапката против Бошкоски.

Судиите ја задолжуваат Македонија освен паричната оштета, на Бошкоски да му се исплатата и затезни камати во рок од три месеци од правосилноста на пресудата. Бошкоски е првиот осуденик во државата за незаконско финансирање на изборната кампања, откако еден ден по изборите во 2011 година беше уапсен пред скопски ресторан со 100.000 евра за изборна кампања кои ги добил од бизнисмен, кој пак, подоцна се јави во процесот како заштитен сведок.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања