Промени тема
Контакт

Струмичанец со нож ја нападнал поранешната сопруга среде кафуле: бил алкохолизиран, го гонат за обид за убиство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library6acp6g9eikev5DwJIzZ

Триесет и седумгодишен жител на Струмица е кривично пријавен за обид за убиство во врска со семејно насилство, откако со остар предмет ја нападнал својата поранешна сопруга во угостителски објект во градот.

Според Министерството за внатрешни работи, нападот се случил на 31 јули околу 12:40 часот. З.П. (37) со остар предмет ја нападнал својата поранешна 34-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреда во пределот на лицето, а потоа побегнал од местото.

По кратко време, тој самиот се пријавил во Полициската станица Струмица, каде што со него бил извршен службен разговор.

— реклама —

При алкотестирањето било утврдено дека имал 1,20 промили алкохол во организмот.

— реклама —

Повредената жена била пренесена во Медицинскиот центар во Штип, каде лекарите ѝ констатирале тешки телесни повреди.

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.П. поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид, во врска со семејно насилство“ по член 123 став 2, во врска со член 19 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Струмица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn1pgeii86e2sdepJgCX

(Видео) Девојче не одговарало на телефон и не ја отворало вратата: Пожарникари со авто-скала се качиле до станот на четврти кат за да проверат дали е добро

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-library26d0q4plkfvv82gPYdS

(Видео) Силно невреме ја погоди Струмица: Ѕид се урна врз паркирани автомобили, откорнати дрвја и оштетени покриви

Македонија | пред 2 седмици

media-library0fp67osvalfsaUsWjw2

Пожарникарите во Струмица на терен по невремето: Испумпуваат вода од поплавени простории

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvaqgsc3fhtjo8ohRKq0

(Видео) Силно невреме ја зафати Струмица: Ветрот корнеше дрвја и однесуваше покриви

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања