Промени тема
Контакт

Струмичкиот карневал ќе се одржи од 2 до 9 март

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
274340693_334621182009761_6818293637149086299_n

По пауза од две години поради пандемијата од Ковид 19 го враќаме „Струмичкото чудо“, вели градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

„Вековната карневалска традиција продолжува од 2 до 9 март со сите нишани на типичното, само за нас, празнување под маски.

— реклама —

Само два дена не делат од почетокот на оваа убава традиција, а тоа е симболичното предавање на клучот на градот од мои раце во рацете на струмичките карневалисти, па од тој момент ќе следуваат осумдневни бројни интересни содржини, меѓу кои и големиот Струмички карневал, во сабота на 5. март. Тоа значи дека од среда до среда, струмичани и сите гости од страна ќе имаат можност да уживаат во шаренилото и богатството на карневалските свечености.

— реклама —

Општина Струмица и јас како градоначалник и покровител на Струмичкиот карневал и карневалските свечености, со задоволство ги поканувам граѓаните да бидат сведоци на продолжувањето на убавата традицијата, но во исто време апелирам на одговорност и зачувување на своето здравје и здравјето на другите.

— реклама —

Нека ни е со среќа карневалска Струмица“, објави градоначалникот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања