Префрлувањето на ингеренциите од сферата на урбанизмот на Владата нема законска основа.
-„Ако не може да ги решава проблемите кој сам ги создал да си даде оставка. Не е време да се префрла топката кога во градот владее хаос, вели струшкиот советник од Алијанса на Албанците Имер Имери, откако Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко побара ингеренциите од сферата на урбанизмот да ги превземе Владата.
Со сличен став и советникот од редовите на Вмро ДПМНЕ Ален Деребан. Тој вели:
„Советот се уште никој не го известил за ваквата одлука. Сметам дека единствената законска можност за делегирање на ингеренции е Мерко да си поднесе оставка. Мислам дека Mерко е свесен дека оваа централна власт е неспособна да ги преземе тие надлежности“,вели Деребан.
Инаку потсетуваме дека под притисок на бизнис заедницата градоначалникот Мерко со писмо ја извести Владата дека ги отстапува ингеренциите на полето на урбанизмот и спорведувањето на препоркаите на Унеско.