Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Стружани реагираат дека двата моста се реконструираат аматерски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Most

Група граѓани на Струга во писмен допис до медиумите реагираат на начинот на кој се врши реконструкција на два од трите мостови на реката Црн Дрим во градот. Тие сметаат дека реконструкцијата се спроведува нестручно, со сомнителен проект, на аматерски начин за кој сметаат дека ќе ги видоизмени самите градби спротивно на урбаниот контекст.

— реклама —

Според нив, Мостот на поезијата е објект во заштитена урбана целина, со статус на објект на магистрален градски пат од највисок ранг.

-Поставен е на устието на реката Дрим и е лендмарк на нашиот град. На истата улица на само 30 метри е искасапен препознатливиот дрворед од елки, со преод кон цел паркинзи за коли и проширување на улицата веројатно за задоволување на потребите на неколку нови угостителски објекти. Промена на профил на улица од ваков ранг, без промена на план и носење на ново сообраќајно решение со широк опфат од стручни тимови е тешка опструкција на државата и за тоа сигурно се одговора пред органите на судот- се наведува во нивниот допис.

— реклама —

Истовремено тие бараат од државата и централните инспекциски служби да извршат увид во целокупната документација што е или не е издадена за односните интервенции.

-Проектот за негово видоизменување со цел „разубавување” е проектантски блуд, грешка која понатаму може многу да го чини овој град. Од никаде се наметнува сомнителна естетика со предоминатна орнаментика и светла на самата ограда. Самата пропорција на елегантниот мост е нарушена. Димензиите на оградата се зголемени, на самата конструкција од мостот се цртаат фуги од камења, се поставуваат огромни челични столбови кои кријат електрична инсталација, се бетонираат двете страни на мостот. Тоа се дополнителни товари кои ја нарушуваат статиката и ја доведуваат во прашање нејзината определеност. Менувањето на оградата ќе доведе до појачување во долна зона и појавување на некакви потпори од столбови со што самиот мост се видоизменува и непотребно се комплицира неговата конструкција. Асфалтните пешачки тротоари кои беа во одличма форма се раскопани со умисла за поставување плочки. Плочките ја видоизменуваат линијата на мостот. Сега елегантниот бетонски лак станува полигонален- се  вели во писмото.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања