Стружаните болни од ковид-19 умираат многу почесто од останатите, зошто?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
pazar-struga-2

Изразено во проценти, смртноста во Струга е 12% или на секои 100 заболени од ковид-19 умираат 12 пациенти. За разлика од Струга, на подрачјето на Скопје умираат многу помалку, од 4 од 100 заболени со ковид-19

— реклама —

Од 26 февруари, кога официјално беше потврден првиот случај на ковид-19 во Македонија, досега починаа 351 лице. Битката со болеста последни ја загубија пациент од Куманово, две лица од Скопје и двајца жители на Тетово, објави 360stepeni.mk. 

Според последните податоците на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, најголем број од починатите се жители од Скопје – 139 лица.

— реклама —

Но, тоа што во Скопје има најмногу смртни случаи не значи и дека вирусот бил најопасен во главниот град.

Во Струга умираат 12 на секои 100 заболени од ковид-19

Ако се земат предвид последните податоци од Центрите за јавно здравје на чие подрачје има барем 100 регистрирани случаи на ковид-19, црн рекордер по бројот на починати пациенти споредено со вкупниот број на заболени е Струга.

Таму од вкупно 274 регистрирани пациенти со ковид-19 битката со вирусот ја изгубиле 33 лица. Изразено во проценти, леталитетот е 12% или на секои 100 заболени умираат 12.

За разлика од Струга, на подрачјето на Скопје леталитетот е многу понизок и изнесува 4% бидејќи 139-те починати на подрачјето на Центарот за јавно здравје – Скопје се од вкупно 3 487 регистрирани случаи. Тоа значи дека во Скопје умираат 4 од 100 заболени со ковид-19, што е многу пониско од Струга.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања