Промени тема
Контакт

Студено утро, преку ден сончево и до 17 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Утрово најниска температура во Македонија е измерена во Берово каде што се спушти до –4 степени Целзиусови, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи. Минус два степени се измерени во Битола, Маврови Анови и Лазарополе, додека –1 степен е регистриран во Скопје-Петровец, Струмица, Попова Шапка и Демир Капија.

— реклама —

Нула степени утрово се измерени во Штип, Велес, Крива Паланка, Прилеп, Претор и Тетово, еден степен во Кавадарци, Гевгелија, Охрид и Куманово, два во Скопје-Зајчев Рид, три во Крушево, Виница и Ѓуриште, четири во Тополчани и Пожаране, додека најтопло утрово било во Радовиш Пожар со пет степени.

— реклама —

На Попова Шапка е измерена снежна покривка од 69 сантиметри.

— реклама —

Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од 12 до 17 степени.

— реклама —

Во Скопје ќе преовладува претежно сончево време со слаб до умерен југоисточен ветер, а температурата ќе достигне до 18 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-59-1880PM

Времето денес: Студено утро, сончев ден и до 28 степени

Македонија | пред 11 час

— реклама —
258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Денес сончево со мала до умерена облачност, температурите до 27 степени

Македонија | пред 1 ден

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево со мала до умерена облачност, температурите до 26 степени

Свет | пред 2 дена

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево и постудено утро, преку денот температури до 26 степени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања