Студенти бараат да се отворат домовите - Не сме сите од Скопје, немаме сите можност да патуваме преку два дена за Скопје и назад, во време на економска криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
studenski-dom

Одлуката на Министерството за образование и наука да не ги отвори студентските домови до крајот на академската година ги налути студентите кои доаѓаат од други градови. Студентката А.М. од Берово периодов се подготвува за испитите на Технолошко – Металуршкиот факултет во Скопје, каде се најавени да се полагаат физички, објави radiomof.mk.

— реклама —

„Не сме сите од Скопје, немаме сите можност да патуваме преку два дена за Скопје и назад, во време на економска криза. Не секој студент е способен да стане во 5 часот и да патува три часа за да решава задачи на испит“, вели таа.

Пред да се воведе вонредната состојба, студентката престојувала во „Гоце Делчев“, од каде им најавиле дека ќе им ги соопштат датумите кога да се иселат.

— реклама —

Слично мислење има и Константин Мијачески, кој од Прилеп доаѓа да студира на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје и престојува во „Гоце Делчев“.

„Па, мислам дека би било добро на неколку денови да се отворат домовите само за да можеме да се иселиме и дека требаше да има некаква координација со факултетите за одлуката за полагање и затворањето на домовите, бидејќи тие што полагаат со присуство нема каде да престојуваат. Ако секаде беа полагањата онлајн, тогаш би било подобро за сите со оглед на ситуацијата да бидат затворени домовите. Инаку, сé уште немаме информации во врска со иселувањата, само се кажа дека до октомври ќе бидат затворени“, вели тој.

Од Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје најавија дека следната Ректорска управа ќе поднесат барање за продолжување на сите рокови за запишување на семестарот, полагање на испитите и флексибилност при уписот на условните предмети.

За студентите кои студираат надвор од местото на живеење, тие бараат ваучерите за сместување и партиципација да се реализираат што побрзо. Дополнително, побарале ваучери за превоз за студентите кои студираат надвор од местото на живеење.

Текстот во целост на: www.radiomof.mk.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања