Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Студенти по право излегуваат на протест против Кривичниот законик: Не можеме да бидеме тивки!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
Screenshot-2023-09-16-at-15.55.40

Протести против измените во Кривичниот законик се организираат пред Владата. Граѓаните се собираат преку социјалната мрежа „Фејсбук“, каде е креиран настанот. Во него се посочува дека организатори се студенти на правните факултети во Македонија.

— реклама —

„Како студенти кои се запишале на правните факултети во Македонија, не можеме да останеме рамнодушни на постојаната тенденција и постапки кои водат до целосно упропастување на правниот систем. На Македонија и е потребна нова, некорумпирана генерација правници. Но страв ни е дека додека ние, како актуелни студенти, стасаме до позиции на правораздавачи - правдата ќе стане мисловна именка.

— реклама —

Чашата ја прелија новите брзи, нетранспарентни измени на Кривичниот законик. Затоа не можеме да бидеме тивки како студенти кои решиле да останат во Македонија и да се борат за правда во оваа држава.

— реклама —

Затоа ги повикуваме сите студенти, професори, граѓани да се приклучат на протест во понеделник во 18:00 часот пред Влада!

Доста е од злоупотреба на европското знаме, затоа бараме и сметаме дека е нужно некој конечно да одговара за ваквите фалсификувања. Доста е од користење и урнисување на правото и законите за лични, политички интереси! Бараме правдата да ги стигне сите оние кои допринеле до огромната недоверба во правниот систем“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања