„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Студентите се налутија, МОН даде ветување: Оваа академска година ниту една рата од студентските стипендии не е исплатена

објавено пред 1 година -

Македонија
w_56951126

Министерстгвото за образование и наука кое го раководи министерот Јетон Шаќири, до денеска не исплатиле ниту една рата од ниту една стипендија за оваа учебна година, тврдат студентите. Тие се револтирани и велат дека и покрај тоа што измина јануари, студентите немаат стипендии за октомври. Од Министерството за образование за „Скопје1“ велат дека налозите за исплата се доставени во трезор. Сепак, студентите се огорчени што доцнат сите исплати.

— реклама —

„Не е исплатена ниту една рата за студентите што ги продолжија стипендиите. Не е исплатена ниту една рата за студентите - нови корисници на стипендии. Не сите студенти што земаа пониски стипендии и потпишаа анекси и спогодби ја добија разликата. Доцни и исплатата на финансиска помош за меѓуградски превоз. Иако помина јануари, а студентите неколку пати патуваа од своите места на жвиеење до градовите каде студираат поради испитната сесија, МОН не им ја исплати финансиската помош од 1.200 денари, која требаше да се исплаќа секој месец. Да се стави крај на аматеризмот и пасивноста во институцијата која е задолжена да ги спроведе мерките што државата ги предвидела за поддршка на македонските студенти“, велат студентите.

Од Министерството, очекуваат студентите утре да ги имаат парите на сметка.

— реклама —

„Налозите за исплата на стипендии на постојните корисници и на патни трошоци, се доставени во трезор и очекуваме денес или утре да се реализираат. Додека следната недела ќе има исплата за новите корисници на стипендија“, велат од МОН за „Скопје1“.

Студентите апелираат ова да не се повторува бидејќи ова им прави штета.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања