Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Студентски отпор: Студентската борба во наредната година ќе биде пожестока

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
359731960_231793136426354_3160038820837464633_n

Младинското движење Студентски отпор преку социјалните мрежи најавија дека студентската борба во наредната учебна година ќе биде пожестока.

„При крај е уште една академска година, а ние како студенти во истата наместо фокусот да ни биде академското надоградување, моравме да се бориме со институциите за нашите основни права.

— реклама —

Најпрво, Владата најави укинување на студентскиот оброк и намалување на субвенцијата, а благодарение на брзата реакција и протестите организирани од нашата организација успеавме да се избориме и оваа академска година да го имаме истиот.

За жал тука не завршија проблемите, и покрај тоа што првично беше договорено дека оброкот ќе се исплатува и ќе има негово зголемување, оброкот честопати доцнеше. Стипендиите кои требаше да бидат зголемени, доцнеа со месеци слично како и оброкот.

— реклама —

Ветените реконструкции на студентските домови не само што не започнаа, туку напротив студентите беа соочени со Гестапо методи, одземање на греалки, бркање од домовите, закани и уцени во најладните зимски денови.

И наместо студентскиот стандард да се зголемува од година во година, соочени сме со обратно-пропорционален феномен, и тотална незаинтересираност од надлежните институции.

— реклама —

Во годината што доаѓа, Студентски Отпор ќе продолжи уште пожестоко да се бори за студентските права и студентскиот стандард, затоа што официјалните студентски претставници како и секоја година, така и оваа - потфрлија.

Го охрабруваме секој студент да се придружи во нашиот ОТПОР, кој следната година мора бескомпромисно да биде пожесток!

— реклама —

Студентски Отпор останува и продолжува да биде единствената легитимна студентска организација, и во оваа прилика го повикуваме секој студент од државата да се придружи во нашата борба“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања