Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Студентскиот дом „Гоце Делчев“оди и на Booking.com

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
14022020_PVRSM_Spasovski_uvid_Goce_Delcev

Мини кујна, нови кревети и душеци, нови плакари, нови прозорци и врати, опремени заеднички простории за одмор. Сето ова го има во сите четири згради-блокови кои го сочинуваат студентскиот дом „Гоце Делчев“, изграден по катастрофалниот земјотрес, а пуштен во употреба пред точно половина век, во 1970 година. Во меѓувреме, никогаш од изградбата не беа направени потемелни реконструкции на објектите кои им биле дом на илјадници станари кои живееле овде во текот на студиите, објави мета.мк.

— реклама —

Просторот околу домот во моментов партерно се уредува, а она што е непроменето е студентската менза. Студентите со кои поразговаравме велат дека се задоволни од подобрените услови за живот во домот.

Дарио Николовски, директорот на Државниот студентски центар за „Мета.мк“ рече дека планира да го стави овој дом на booking.com, за да може секој, посебно во летните месеци кога собите се празни, да си изнајми соба. Едно ноќевање вели, ќе чини 400 денари.

— реклама —

– Во однос на храната, има значително подобрување и во однос на квалитет и на разновиност. За храна и за сместување студентот плаќа 3.400 денари месечно, а условите за живот овде се достоинствени и најдобри досега – вели Николовски.

Текстот во целост на: мета.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања