Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари 2027 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 56 минути -

Скопје
media-libraryq686jdggda0leQk6owC

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во центарот на Скопје ќе биде отворен во јануари 2027 година, пред почетокот на вториот семестар. Реконструкцијата на објектот, вредна 10 милиони евра, е во завршна фаза, а денеска увид во градежните активности изврши министерката за образование и наука Весна Јаневска.

— реклама —

Таа истакна дека обновата е дел од поширок проект за темелна реконструкција на девет државни студентски домови и шест државни училишта со ресурсни центри, кој се реализира со поддршка на Европската Унија и Германската развојна банка (KfW).

— реклама —

За проектот се обезбедени вкупно 86 милиони евра, од кои 60 милиони се од KfW, 22 милиони евра се неповратни грантови од ЕУ, а четири милиони евра се буџетски средства.

По неодамнешното отворање на реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, кој има капацитет за 1.150 студенти, со обновата на „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе се обезбедат дополнителни места за уште 280 студенти.

— реклама —

Јаневска оцени дека со овие инвестиции значително се подобрува студентскиот стандард и нагласи дека очекува студентите да ги чуваат новите услови за сместување, за да можат да ги користат и идните генерации.

— реклама —

Посетата беше организирана на 17 ноември, Меѓународниот ден на студентите. Министерката посочи дека буџетот за студентскиот стандард е двојно зголемен во споредба со 2022 година и најави продолжување на вложувањата за подобрување на условите за младите во Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања