Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Субвенции за плати за ЈСП за ноември и декември изгласавме минатата година, причина за неисплаќањето на платите се неспособните Арсовска и Петревски, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-01-22-at-11.28.20

„Ако СДС и Арсовска се грижеа за вработените за ЈСП тогаш зошто веднаш не собраа мнозинство за гласање за субвенции на ЈСП туку ги оставија на минусни температури да штрајкуваат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

— реклама —

Причината за неисплаќањето на платите во ЈСП, не е советот, туку разузданото раководство на ЈСП, директорот од ГРОМ. Крсте Петревски и уште понеспособната градоначалничка Арсовска.

— реклама —

Во месец октомври, советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата изгласаа 120 милиони денари за субвенции за ЈСП, и тогаш директорот на ЈСП кажа дека тоа е за плати за вработените за ноември и декември. Денес сме 23 јануари, и иако е законскиот рок до 15 јануари, вработените во ЈСП немаат сеуште плати.

— реклама —

Прашањето е каде завршиле веќе доделените субвенции. Вчера ЈСП бараше нови 700 милиони денари субвенции.

Вистината е дека овој Совет додека е Арсовска градоначалник до сега веќе исплати 1.265 000 000 денари субвенции за ЈСП и сите тие беа поддржани од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Нема плати во ЈСП затоа што ЈСП со Арсовска, СДС, Левица се бунар дно. И овие 700 милиони денари најмалку ќе отидат за плати на вработени, туку за исплати на Пуцко Петрол и останати доверители ангажирани под сомнителни тендери.

Што се однесува до душегрижништвото на СДС, зошто Арсовска молчи за милионите евра што Владата ги должи на ЈСП? Молкот објаснува дека вчера и синдикатите и ЈСП беа грубо политички злоупотребени.

ВМРО-ДПМНЕ не е мнозинство во Советот, туку СДС, ДУИ, Левица и Арсовска се, тоа што тие не можат да се договорат помеѓу нив како да ги поделат парите, тоа не е вина на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на скопјани и народот не е должен да ги трпи нивните игри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања