Промени тема
Контакт

Сучиќ по поразот од Англија: Не беа подобри од нас, пресудија прекините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Спорт
media-librarye28gr8q4i0aq4nltueu

Фудбалерот на хрватската репрезентација, Петар Сучиќ, по поразот од Англија со 4:2 во првото коло од Групата Л на Светското првенство, изјави дека клучен фактор за неуспехот биле головите примени по прекини.

Хрватска двапати успеа да се врати резултатски во текот на првото полувреме, но на крајот остана без бодови на стартот од турнирот.

По натпреварот, Сучиќ оцени дека неговата селекција не била надиграна од противникот, туку дека решавачки биле ситните детали.

— реклама —

„Не би рекол дека тие беа подобри. Одигравме добро прво полувреме. На крајот примивме два гола по прекини. Игравме добар фудбал, но мора подобро да се браниме во такви ситуации“, изјави Сучиќ.

Тој додаде дека хрватските фудбалери покажале карактер, враќајќи се двапати во натпреварот, но дека третиот гол на Англија го променил текот на средбата.

„Двапати се враќавме, но по третиот гол ни беше многу тешко. Тој момент го реши натпреварот. Мора да останеме позитивни и да продолжиме понатаму. Ниту преостанатите два натпревари нема да бидат лесни“, нагласи Сучиќ.

— реклама —

Во вториот натпревар од групата, Гана со гол во завршницата ја совлада Панама со 1:0. Токму против Панама, Хрватска ќе го игра својот следен натпревар на Светското првенство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2217ddbj3gsgdFWRX8S

Претседателот на ФИФА испрати честитка до Аргентина по финалето

Трендови | пред 1 месец

media-librarypimm8j45199j27PEgOd

(Видео) Голманот на Шпанија го игнорираше Доналд Трамп на церемонијата на доделувањето на трофејот

Спорт | пред 1 месец

media-library01g984pmv6797oWzhqC

(Видео) Меси во солзи по поразот на Аргентина во финалето

Вирално | пред 1 месец

media-library04u2e57clr5gcryQDZv

(Видео) Го изгуби финалето, па ја изгуби и контролата: Аргентински фудбалер нападна шпански репрезентативец

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања