Судењето за „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
boki-2

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд главната расправа којашто требаше да се одржи денеска се одлага  затоа што  еден од обвинетите се уште е хоспитализиран по извршен оперативен зафат.

— реклама —

Согласно претходно утврдениот распоред, главната расправа ќе продолжи на 07.10.2020 година во 10:00 часот, информира Основен кривичен суд Скопје.

За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмен за наводни центри за возрасни лица,

— реклама —

обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања