Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Судија во Тајланд се застрелал во судница откако го натерале да ја смени пресудата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
sudija

Судијата Канакорн Пианкана од Тајланд се застрела со пиштол откако одржа кус говор во полната судница во кој го критикуваше судскиот систем поради тоа што му било наредено да ја смени пресудата.

— реклама —

Тој ослободи петмина муслимани обвинети за убиство. По изрекување на пресудата, ја изговорил судијската заклетва и се застрелал во градите, но го преживеал обидот за самоубиство. Како што пренесува Би-Би-Си, Пијанчана оставил и соопштение, во кое наведува дека трпел притисоци заради овој случај.

— реклама —

,,Ако не си сигурен во нивната вина и немаш доволно докази, немој да ги казниш“ се зборовите на судијата пред да го извади пиштолот.

Портпаролот на судот рече дека Канакорн е однесен во болница откако си стрелал со пиштол во градите и сега не е во опасност, додавајќи дека судијата може да страда од стрес.

— реклама —

Судијата тврди дека и други помлади судии во првостепениот суд, како него, се подложени на истиот притисок.

Судијата ги повикал пратениците да ја изменат судската повелба за да ги спречат постарите судии да ги прегледуваат пресудите на судиите во првостепениот суд пред да бидат изречени во судот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања