Промени тема
Контакт

Судијата го одби Груевски – не му го одложи затворот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

gruevski-sud-1-1021x580

Судијата за извршување санкции, Пајазит Пајазити, не му го прифати барањето на експремиерот Никола Груевски да му се одложи извршувањето на затворската казна.

Откако одлуката ќе му биде доставена, Груевски има 3 дена рок да поднесе жалба до совет од тројца судии. Кривичниот совет, пак, треба да донесе одлука исто така во рок од 3 дена. Ако кривичниот совет ја потврди претходната одлука, одлуката станува извршна.

— реклама —

Груевски минатата недела доби упатен акт од кривичниот суд да се јави во затворот во Шуто Оризари, најдоцна до 8 ноември.

— реклама —

Тој е осуден на две години затвор во случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот „мерцедес“. За истиот случај на специјалното јавно обвинителство има неправосилна пресуда и за ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Таа е осудена на 6 години затворска казна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања